Екипите на Бутел, Струмица и Борец баскет ги оправдаа улогите на фаворити и забележаа нови победи. На три кола до крајот на ТОП-8 фазата во Првата лига, овие три тима веќе обезбедија место во плеј-офот.
Сите три тима на домашен терен славеа убедливи триумфи, со кои веќе се недостижни за останатите.
Најубедлив беше велешки Борец кој против Водно санс славеше со 47 поени разлика. Дури шестмина кошаркари беа двоцифрени во победничката екипа. Давид Трпески го предводеше Борец со 26 поени, на кои додаде по 6 асистенции и скокови. Го следеше Американецот, Зион Јанг со 17 поени (5/10 за три). Коцевски заврши со 16, Чадамов постигна 12, а Штерјов и Сапроновски по 11 поени.
Победа со 24 поени разлика славеа и кошаркарите на Бутел кој остануваат лидери на табелата, пред Струмица која со 18 разлика го победи Вардар. Трите екипи Бутел, Струмица и Борец, имаат идентичен „скор“ по 8 победи и 3 порази.
Нив денеска може да им се приклучат и кошаркарите на Соколи. Штипјани кои ќе играат пред својата публика, имаат победа помалку, а денеска се фаворити во дуелот со Охрид.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8
5 коло
Сабота 14 март
БОРЕЦ БАСКЕТ – ВОДНО САНС 112-65
БУТЕЛ – МЕГА БАСКЕТ 101-77
СТРУМИЦА ФМП – ВАРДАР 84-66
Недела 15 март
18.00 СОКОЛИ – ОХРИД
ТАБЕЛА
1.Бутел 19 бодови 8-3 победи-порази)
2.Струмица ФМП 19 (8-3)
3.Борец баскет 19 (8-3)
4.Соколи 17 (7-3)
5.Мега баскет 15 (4-7)
6.Вардар 15 (4-7)
7.Водно санс 13 (2-9)
8.Охрид 12 (2-8)
*Обезбеден пласман во плеј-офот (полуфинале)



































