Со натпреварите во Струга и Скопје денеска стартува третата, последна, етапа во Првата македонска фудбалска лига.

Борбата за шампионскиот трофеј останува меѓу Вардар и Шкендија кои ги делат само три бода, додека останатите тимови веќе имаат поголемо заостанување. Интересна ќе биде и битката за опстанок. Шкупи е веќе отпишан, а Работнички теориски се уште има шанси да избори бараж. Во опасната зона и битолски Пелистер заедно со Македонија Ѓорче Петров, Арсими, а тука некаде е и екипата на Брера.

Програмата од 23-та рунда ќе биде отворена точно напладне (12 часот), со натпреварот во кој трето пласираниот Струга ТЛ го пречекува составот на Македонија Ѓорче Петров.

Два часа подоцна (14 часот), лидерот на табелата Вардар, ја пречекува струмичка Академија Пандев Бреер. Овој натпревар ќе се игра на арената ,, Тодор Проевски”.

ПРВА ЛИГА – 23 КОЛО

Сабота
12:00 СТРУГА Т.Л. – МАКЕДОНИЈА ЃП
14:30 ВАРДАР – АП БРЕРА
Недела
12:00 ТИКВЕШ – ШКУПИ
14:30 ШКЕНДИЈА – АРСИМИ
Понеделник
14:30 СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР
14:30 БАШКИМИ – РАБОТНИЧКИ

Standings provided by Sofascore