Кошаркарите на Феникс ја запиша седмата победа во сезоната со триумф над Работнички од 83:77. Тимот конечно го прекина негативниот низ и останува во борбата за избегнување на последните три позиции кои водат во понизок ранг.
Избраниците на Денис Дервишевиќ имаа силен старт и мирен финиш, што беше клучно за успехот.
Дајсон блесна со 23 поени и четири тројки во раната фаза, носејќи двоцифрено водство од 28:16. Работнички се врати во игра и во 17.минута беше на само еден поен негатива, но не успеа да поведе. Феникс го задржа предноста и на полувреме имаше плус шест (42:36).
Во третата четвртина домашните повторно стигнаа до двоцифрена позитива, но гостите намалија на 55:60. Последниот период донесе голема неизвесност, особено во завршните две минути кога Работнички дојде на половина кош негатива (77:78). Клучниот момент го имаше Рахама со тројка на 56 секунди пред крајот за 81:77. Наков промаши обид за три, а Златевски со две слободни фрлања ја запечати победата.
Кај победниците, покрај Дајсон, се истакнаа Рахама и Златевски со по 14 поени, а Ниах додаде 11 со девет скока и шест асистенции. Работнички имаше најдобар стрелец во Ефремовски со 24 поени, Робев постигна 18, Наков 11, додека Рикиќ остана на седум поени иако собра 13 скока.
Овој триумф е од огромно значење за Феникс во битката за опстанок. Двата тима сеуште се во опасната закона за плај-аутот со идентичен број на бодови 26, колку што има и осми пласираниот Тиквеш.
Ова беше првиот натпревар од 19.коло кое ќе се игра се до петок за кога е закажан последниот дуел меѓу Куманово и ТФТ.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 19 КОЛО
Сабота 14 март
12.00 ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ 83:77
17.30 АНГЕЛИ – КОЖУВ
Недела 15 март
13.30 ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР
19.30 МАЏАРИ – ЧАИР
Понеделник 16 март
18.30 МЗТ СКОПЈЕ А. – ТИКВЕШ
Петок 20 март
18.00 КУМАНОВО – ТФТ



































