Кошаркарското дерби во машката Супер лига меѓу ТФТ о МЗТ Скопје им припадна на Аеродромци. Дуелот со кој беше комплетирано 18.коло, одигран попладнево во Негорски бањи, тимот на МЗТ Скопје го доби во неизвесна завршница, само со поен разлика 69-70.
Двата тима имаа свои добри и лоши периоди на игра.
Првиот квартал минимално го доби актуелниот првак МЗТ со 18-19, кој исклучок еднаш (3-2), постојано имаше водство.
На стартот на втората четвртина МЗТ поведе со седум поени разлика (12-19), но ТФТ возврати со осум поени во низа за 20-19. Во продолжението се играше брзоплето и многу непрецизно, со бројни грешки. затоа и малиот број поени на полувремето кое заврши со предност на ТФТ со четири поени разлика (33-29).
Во второто полувреме, односно третиот квартал, израмнето беше се до 35-35. Тогаш ТФТ направи серија од 12-2 за прво двоцифрено водство (47-37). Во последната четвртина домашниот тим влезе со шест поени позитива. Водеше ТФТ и со осум разлика во 32.минута (56-48), но шампионот успеа да се врати во игра и да поведе. МЗТ врати со серија од 3-17 за водство од осум разлика (57-65). Но и тука не беше крајот на возбудувањата. На 40.секунди пред кракот ТФТ стигна до израмнување 69-69. МЗТ, односно капитенот Дамјан Стојановски не успеа да реализира, а на спротивната страна Дејвис направи чекори на 4.секунди до крајот. Не минаа ниту секунда, а репрезентативецот Ташовски направи фалу врз МекКјуел. Американецот реализира едно од двете слободни фрлања да донесе предност и победа на МЗТ со 69-70.
Најефикасен играч во победничката екипа на МЗТ беше Гил кој реализира 16 поени. Покрај него само уште МекКјуен беше двоцифрен со 13. . Во поразениот состав, но и на натпреварот прво име беше Американецот, Стенли Дејвис. Тој оствари дабл-дабл со 21 поени и 10 скокови.
По ова 18.коло, а на четири до крајот на регуларниот дел на сезоната лидер е засега останува тимот на ТФТ кој сега има 34 бодови, како и МЗТ кој е втор. Но доколку аеродромци не „кикснат“ во наредните четири натпревари, тие ќе завршат како први, поради двата триумфи во меѓусебните дуели со ТФТ.



































