Женската ракометна Суперлигашка конкуренција се сведе на само два претенденти за шампионскиот трофеј. Ова откако тимот на Металург Автокоманда се откажа од вториот дел од првенството.

Така во трката за титулата првак на Македонија во игра остануваат актуелните шампионки, ракометарките на Ѓорче Петров и екипата на Чаир.

По шеснаесет одиграни натпревари, нив ги дели само еден бод, а „Лавиците“ од Ѓорче се на челната позиција на табелата. До крајот на првенството има уште десет кола, а Чаир и Ѓорче Мај ќе играат и на 9 мај. Сепак, имајќи ја во предвид останатата конкуренција, вечерашниот натпревар што ќе се игра во салата „Христо Батаџиев“ директно може да решава за шампионскиот трофеј.

Натпреварот Ѓорче Петров – Чаир ќе почне до 19.15 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇.

Ивона Кимовска