Денеска ќе се играат нови четири натпревари од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Целото внимание ќе биде насочено кон Мадрид каде Реал го пречекува Манчестер Сити, предводен од Пеп Гвардиола. Овој дуел секако го носи и приматот на дерби на осминафиналната рунда.

Од мадридскиот табор пристигнуваат лоши вести.

Тренерот Алваро Арбелоа се соочува со сериозни кадровски проблеми бидејќи не можеше да смета на дури седум играчи на последниот тренинг. Најголемиот удар е секако отсуството на Килијан Мбапе, а на тренинг не се појавија ниту Џуд Белингам, Едер Милитао, Давид Алаба, Дани Себаљос, Карерас и Родриго, кој неодамна заработи сериозна повреда на коленото. Поради бројните отсуства, Арбелоа веројатно повторно ќе мора да се сврти кон младинските играчи. Неколку млади играчи веќе се приклучија на првиот тим и ќе бидат во конкуренција.

Затоа, многумина веруваат дека тимот на Пеп Гвардиола би можел да има предност, иако натпреварот се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Интересно се очекува да биде и во Париз каде актуелниот европски шампион ПСЖ е домаќин на Челзи.

Ова е реприза на минатогодишното финале на Светското клупско првенство одржано во САД. Луис Енрике и неговите избраници добро се сеќаваат на поразот од 0-3, по што Челзи го освои трофејот. Тоа сигурно ќе биде мотив повеќе за „Светците“ од Париз да ми се реваншираат на англискиот тим.

Овие два натпревари како и дуелот меѓу Бодо Глим и Спортинг Лисабон ќе се играта во вечерниот термин (21 часот).

Денешната програма ќе биде отворена со натпреварот во Леверкузен меѓу Баер и Арсенал. Овој натпревар ќе почне од 18.45 часот.

ЛИГАТ НА ШАМПИОНИ – 1/8 ФИНАЛЕ

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – АРСЕНАЛ 18.45 часот
РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР СИТИ 21 часот
ПСЖ – ЧЕЛЗИ
БОДО ГЛИМТ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН