Двата денешни натпревари од 17.коло во маката кошаркарска Супер лига, може да разрешат големи дилеми околу патниците во плеј-офот.

Екипите на Куманово и Маџари се блиску да се вбројат меѓу осумте што ќе разигруваат за титулата. Двата тима имаат бод повеќе од Работнички и Феникс кои вчера беа поразени а се во долниот дел од табелата.

Кумановци денеска пред својата публика играат против Гостивар кој заостанува дури четири победи, зад денешниот противник, но и Маџари, Кожув и Тиквеш. На пет кола до крајот, за гостиварци ова сигурно е една од последните шанси да се изборат за разигрување.

Натпреварот Куманово – Гостивар како и дуелот Маџари – Кожув ќе полнат во терминот од 18 часот.
Двата натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖВО ОВДЕ 👇👇👇

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 17 КОЛО

Недела – 8 март
18.00 КУМАНОВО – ГОСТИВАР
18.00 МАЏАРИ – КОЖУВ
сабота – 7 март
АНГЕЛИ – ТФТ 66:95
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 87:73
ФЕНИКС – ТИКВЕШ 76:87
ЧАИР – РАБОТНИЧКИ 75:73

Standings provided by Sofascore