Во Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска беа извлечени групите за втората фаза во Куп на Македонија.
Четирите најдобро рангирани екипи од Супер лигата, и фаворити за трофејот ќе играат во различни групи. Според квалитетот, бранителот на трофејот Вардар, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер како и Охрид и Алкалоид, не би требало да имаат проблем да стигнат до завршниот „фајнал-фор“ турнир.
Натпреварите од оваа рунда ќе се играат пристојниот викенд, а РФМ ги покани заинтересираните кои сакаат да бидат организатори, да достават барање до канцеларијата.
КУП НА МАКЕОДНИЈА МАЖИ – ЕЛИМИНАЦИСКА РУНДА
Група А:
Бутел Скопје – Вардар
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
Група Б:
Пролет – Македонија ЃП
Радовиш – Алкалоид
Група В:
Тиквеш – Охрид
Куманово – Младост Богданци
Група Г:
Струга – Еурофарм Пелистер
Прилеп – Драчево


































