Во Првата машка кошаркарска лига, фазата ТОП-8, полека но сигурно се издвојуваат четирите екипи кои ќе играат во плеј-офот.

Тимовите на велешки Борец и штипските Соколи славеа, очекувано, убедливи победи на гостувањата во Скопје.

Велешани го победија составот на Вардар со 70-95. Дури 11 играчи во победничката екипа се запишаа во листата на стрелци. Штерјов забележа дабл-дабл со 26 поени и 12 скокови. AАмериканецот, Јанг заврши со 18 поени, а расположен беше и Трпески кој имаше еден помалку 17.

Уште поубедливи беа и штипските Соколи кои во “Градски парк“ славеа над Водно санс со 40 разлика. На овој натпревар свое шутерско „шоу“ имаше искусниот Нацевски кој реализира осум тројки.

Со овие победи Соколи и Борец сега се на првите две места на табелата, со два бода повеќе од Бутел и Струмица. Тие денеска гостуваат во Охрид и Прилеп. За домашните тимови на Охрид и Мега баскет овие натпревари можеби се последната шанса за да останат во игра за плеј-офот.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8

недела 01.03
17.00 ОХРИД – БУТЕЛ
20.00 МЕГА БАСКЕТ – СТРУМИЦА
сабота 28.02
ВАРДАР – БОРЕЦ БАСКЕТ 70-95
ВОДНО САНС – СОКОЛИ 68-108

ТАБЕЛА
1.Соколи 15 (6-3 победи-порази)
2.Борец баскет 15 (6-3)
3.Бутел 13 бодови (5-3)
4.Струмица ФМП 13 (5-3)
5.Вардар 13 (4-5)
6.Мега баскет 12 (4-4)
7.Водно санс 11 (2-7)
8.Охрид 10 (2-7)