Требаше да биде најинтересниот натпревар на вечерта во НБА лигата, но дуелот меѓу Лејкерс и Селтикс мина во еден правец. Вечното НБА дерби се одигра во Лос Анџелес, а гостите од Бостон го добија лесно и убедливо со 111-89.

Исклучок на првата четвртина во која Леркерси имаа најмногу пет поени предност, се останато мона во знакот на Селтикс. Како ја превзедоа предноста на стартот на вториот кварта, така не ја испуштија до крајот на натпреварот. Затоа, заслужено Бостон се израдува на осмата победа во последните девет натпревари.

Во отсуство на повредениот Тејтјум, Џејлен Браун уште еднаш ја презеде лидерската улога. Тој натпреварот го заврши со 2 поени, осум скока и седум асистенции. Браун имаше поддршка од Пејтон Причард кој постигна 30 поени, а реализира шест тројки од девет обиди.

Лука Дончиќ имаше 25 поени, а Леброн Џејмс заврши со 20 поени. Џејмс го одигра и во својот 1.600-ти натпревар во регуларната сезона. Тој му се приклучи на легендата на Селтикс, Роберт Периш (1.611), како единствени НБА играчи кои го достигнале тој број.