Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот куп Алкалоид вечерва во салата Автокоманда го пречекува лидерот на Супер лигата Вардар.
Ова е дуел од 22.коло и од исходот на натпреварот во многу нешта ќе зависи и изгледот на табелата за пелјоф натпреварите кога ќе продолжи борбата за титулата меѓу најдобрите шест екипи. Избраниците на Кирил Лазаров со победа ќе донесат дополнителна неизвесност во плејофот, но со триумф на „црвено-црните“ тие ќе имаат голема предност во борба за шампионската титула. Почетокот на натпреварот е во 19:30 часот.
Оваа сезона бодовите освоени од првиот дел од Супер лигата се пренесуваат во плејофот.
Покрај дербито во Автокоманда се играат уште два натпревара: Еурофарм Пелистер 2 – Струга и Бутел – Тиквеш, додека дуелот Пролет – Охрид на програмата е во вторник поради настапот на Охрид во осминафиналето од ЕХФ Европскиот куп против Дукла во Прага (македонскиот претставник победи на првиот натпревар со 30:21).
Натпреварот Алкалоид – Вардар ќе почне од 19.30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
ДВОЈКИ 22.КОЛО:
АЛКАЛОИД – ВАРДАР (почеток 19:30 часот)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА (почеток 16 часот)
БУТЕЛ – ТИКВЕШ (почеток 18 часот)
ПРОЛЕТ – ОХРИД (играат на 24.февруари)
МРК КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 19:43
ПРИЛЕП – РАДОВИШ 38:16
ТАБЕЛА:
- ВАРДАР 40
- Е.ПЕЛИСТЕР 38
- ОХРИД 35
- АЛКАЛОИД 35
- ТИКВЕШ 22
- ПРИЛЕП 20
- БУТЕЛ 20
- Е.ПЕЛИСТЕР 2 19
- ПРОЛЕТ 13
- МРК КУМАНОВО 7
- СТРУГА 7
- РАДОВИШ 0



































