Во рамки на 15. коло од Женската Супер лига ќе се одиграат три натпревари, а Првата носи интересни соочувања.
Денешната програма во Супер лигата го носи дуелот меѓу екипите на Спартак и Астибо , кој ќе се одигра во Штип со почеток од 12:00 часот. Во истиот термин, но во рамки на Првата лига, во Свети Николе, екипата на Овче Поле ќе го пречека составот на Ѓорче Петров МРК.
Од 13:00 часот ќе се одигра натпреварот помеѓу Деспина и Шампион во салата „Антон Димитров“.
Во недела, од Супер лигата, закажани се уште две средби. Со почеток од 12:00 часот, во салата „Христо Батанџиев“, Ѓорче Петров ќе се соочи со Куманово во натпревар кој се очекува да донесе неизвесност и квалитетна игра. Од 13:00 часот во Битола, Пелистер ќе го пречека тимот на Чаир.
Во Првата лига, во недела од 19:30 часот во Гостивар, ќе се одигра натпреварот помеѓу Стружанка и Јехона, додека екипата на Атлетик ќе биде слободна во ова коло.
Ивона Кимовска



































