Македонска Каменица за првпат во својата историја ќе биде домаќин на финален турнир од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, што ја поставува општината во центарот на македонската женска кошарка.
Организатор на овој настан е актуелниот шампион, ЖКК Баскет Кам. Натпреварите ќе се одиграат на 21 и 22 февруари во спортската сала „Кирил и Методиј“, каде најдобрите женски екипи во државата ќе се борат за вториот трофејот од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Бранител на трофејот е токму домаќинот Баскет Кам кој во полуфиналето ќе игра против МЗТ Бела Вода. Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Крива Паланка и Бадел 1862.
Големото финале е закажано за недела, 22 февруари од 18 часот.
КОШАРКА КУП МКД 2026 ЖЕНИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА





























