Ракометните возбудувања што ги носи разигрувањето во плејоф конкуренцијата во машката Супер лига продолжуваат и денеска.
Откако вчера Алкалоид направи големо изненадување со победата над актуелниот шампион Вардар, а со тоа му направи и услуга на Еурофарм Пелистер во трката за титулата, во која и самите „фармацевти“ се вклучија, денеска на потег се битолчани.
Пелистерци одат на гостување во Кавадарци на мегдан кај одличниот сезонава Тиквеш кој е на четвртото место на табелата. Кавадарчани важат за „жилав“ противник, кој не тала лесно може да се добие, особено пред своите симпатизери „Лозарите“ кој редовно ја исполнуваат спортската сала „Јасмин“.
А, денеска се очекуваа таа да биде исполнета до последното место, бидејќи овој меч освен натпреварувачки, ќе има и хуманитарен карактер.
Сите средства од овој натпревар ќе бидат наменети за младиот Петар кому му треба лекарска помош во странство.
Натпреварот Тиквеш – Еурофарм Пелистер, започнува од 19 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.