До три натпревари во Битола, Струга и Скопје ќе стартува 21.коло во машката ракометна Супер лига.

Денеска на терените ќе видиме три од четирите водечки екипи кои се борат за шампионскиот трофеј.

Актуелниот првак Еурофарм Пелистер ќе го игра локалното пелагониско дерби против Прилеп во терминот од 18 часот.

Составот на Алкалоид пак ќе гостува кај Струга половина час подоцна. Лидерот на табелата Вардар, исто така има локално дерби, и тоа против екипата на Пролет. Овој натпревар ќе почне од 18 часот и 45.минути.За

За утре и в недела, закажани се по еден натпревар и тоа Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш против Куманово.

Колото ќе биде комплетирано дури во среда со дуелот меѓу Охрид и Бутел. Ова поради обврските на охриѓани на европската сцена, кои утре играат натпревар Европскиот куп.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 21 КОЛО

Петок (13.02)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП
18:30 СТРУГА – АЛКАЛОИД
18:45 ВАРДАР – ПРОЛЕТ
Сабота (14.02)
15:00 РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
Недела (15.02)
19:00 ТИКВЕШ – КУМАНОВО
Среда (18.02)
18:00 ОХРИД – БУТЕЛ