Ракометарите на Алкалоид ја забележаа 15-тата првенствена победа. Алкалоид во дуел 20.коло во Битола го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 36:22.
Тимот од Скопје уште во првите десет минути ја наметна својата игра и поведе со 7:2, јасно ставајќи до знаење дека бодовите се нивна цел. Предноста постојано се зголемуваше, а на полувреме Алкалоид имаше комотни 20:12. Вториот дел беше само чиста формалност.
Најдобар стрелец беше Улфар Монси Тордарсон со осум гола, додека Ненад Костески постигна пет. Голманот Марко Кизиќ блесна со 12 одбрани, а Иван Галевски додаде осум, придонесувајќи за сигурната победа.
Со освоените бодови Алкалоид сега има 33 и го дели третото место со Охрид, додека шампионот Еурофарм Пелистер во исто време играше против Радовиш.


































