Екипата на ТФТ не му дозволи на Маџари да направи изненадување, па составот од Тафталиџе се радуваше на 14-тата победа.
Во натпревар од 15 коло, ТФТ како гостин го победи Маџари со 90-111.
Иако домашниот тим одигра одлични 25 минути, во кои имаше и наголеми седум поени предност, тоа не беше доволно. ТФТ на крајот на третиот и почетокот на последниот период направи серија од 16-0. Негативата од четири поени, избраниците на Боро Смилковски, ја претворија во предност од 12 поени.
Тоа беше повеќе од доволно, до крајот на мечот гостинскиот тим рутински да одигра и да слави со 21 разлика.
Со оваа победа ТФТ се врати на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од МЗТ Скопје, а три од Пелистер кој е трет. Маџари со 22 бода е на шестото место.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 15 КОЛО
Недела 8 февруари
МАЏАРИ – ТФТ 90-111
РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ 99-92
Сабота 7 февруари
ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР 80-95
АНГЕЛИ – КУМАНОВО 70-99
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР 84-73
Понеделник 9 февруари
19:00 ЧАИР – ТИКВЕШ



































