Нова „рунда“ натпревари во машката кошаркарска Супер лига, ќе се играат од денеска до понеделник.
Сите натпревари од ова 15.коло ќе се играат во Скопје, а денеска на програмата се три.
Во првиот дуел екипата на Феникс ќе го пречека трето рангираниот битолски Пелистер во мечот што ќе стартува од 17 часот. Половина час подоцна, во Кисела Вода, кај Ангели гостува составот на Куманово. Во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот, шампионот МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Гостивар.
За утре закажани се два натпревари, а во нив ќе се сретнат, Работнички – Кожув односно Маџари и лидерот на табелата ТФТ.
Ова тринаесетто коло ќе биде заокружено во понеделник со натпреварот Чаир – Тиквеш.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
Сабота 7 февруари
17:00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР
17:30 АНГЕЛИ – КУМАНОВО
18:00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР
Недела 8 февруари
13:00 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
18:00 МАЏАРИ – ТФТ
Понеделник 9 февруари
19:00 ЧАИР – ТИКВЕШ



































