Во Националната опера и балет во Скопје, вечерва се одржа 71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“.
На манифестација беа прогласени и наградени најуспешните македонски спортисти, тренери, спортски тимови и репрезентации за 2025 година, во девет категории.
За спортистка на годината е прогласена боди-билдерката Катерина Попева која стана светски шампион на Мундијалот во фитнес и бодибилдинг во Санта Сусана, Шпанија. Во машка конкуренција признанието му припадна на Ален Рустемовски кој освои сребрен медал на Европското првенство до 23 години во Ереван, Ерменија.
За најуспешни во младинска конкуренција беа прогласени боксерот Адријан Рустемовски бронзениот од ЕП во Ереван, и Даниелa Алексовска од бразилска џиу џицу.
Во колективните спортови, сениорските машка одбојкарска и женска ракометна се избрани за најдобри репрезентации.
Пливачот Андреј Стојаноски го доби признанието за најуспешен спортист со инвалидитет. Магомед Ибрагимов од борењето е прогласен за најдобар селектор (тренер). За најуспешна национална спортска федерација беше прогласена Џудо федерацијата на Македонија.


































