Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа голема победа на гостувањето во Лондон против Арсенал. Дерби дуелот од 23.коло во Премиер лигата одигран на „Емирати“ им припадна на гостите од Манчестер со 2-3.
Иако домашниот тим на Арсенал прв го отвори резултатот и тоа благодарение на автоголот на Ммартинез во 23та минута, сепак Манчестер направи комплетен пресврт.
Со головите на Мбуему во 37-мата, а потоа Доргу во 52.минута, Манчестер Јунајтед дојде до предност од 1-2.
Популарните “топџи“ не се откажаа и продолжија со притисокот за да стигнат до израмнување. Тоа им успеа во 84-та минута кога Мерино ја затресе мрежата на гостите за 2-2. Тргнаа со сите сили домашните фудбалери за трет погодок, но тоа им се освети. На спротивната страна Куња со ефектен гол ја врати предноста, а со тој победата на Манчестер Јунајтед со конечни 2-3.
Покрај побрзо Арсенал останува прв на табелата, но сега само со четири бода повеќе во однос на Манчестер Сити и Астон Вила. Манчестер Јунајтед кој е на четвртото место сега има 38 бодови, еден повеќе од петтопласираниот Челзи, а два повеќе од Ливерпул.





































