Воведниот натпревар од 29.коло во француската Лига 1, донесе и големо изненадување.
Единствениот конкурент на ПСЖ за титулата екипата на Олимпик Марсеј освои само еден бод во дуелот со Монпеље играчки нерешено 1-1
Средбата одиграна во Марсеј беше решена во првото полувреме, во кое беа постигнати двата гола.
Изненадувањето го најави Нордин кој во 12-минута му донесе предност на гостинскиот тим.
Иако со голот на Гуендузи од пенал во 44-минута Олимпик успеа да израмни на 1-1, сепак во вториот дел домаќините и покрај големиот број на шанси не успеаја да постигнат втор гол и да стигнат до трите бода.
Така сега Олимпик Марсеј има 60 бодови, шест помалку од лидерот ПСЖ кој в недела го игра дебито против секогаш незгодниот Олимпик Лион.