Макеоднската ракометна репрезентација повторно е дел од европската елита. Македонија по девети пат ќе игра на Европскиот шампионат, а осми во низа.

Новиот формат на натпреварување, ја отежнува задачата, црвено-жолтите да обезбедат повисок пласман.

Примарната цел е да се мине во втората фаза на шампионатот. За да се оствари тоа избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе мора да бидат меѓу двете првопласирани селекции во групата.

Конкуренцијата во Б групата е исклулително тешка. Домачинот и топ фавоирит за златото Данска, потоа Португалија и за крај Романија. редоследно тоа се противниците против кои ќе играме на 16, 18 и 20 јануари.

Спорт Плус, со анкета за Вас, и едноставни прашање. Колку победи очекувате во првата рунда?

МАКЕДОНИЈА ЕП 2026 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА