Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ги повтори очекувањата за настапот на Европскиот шампионат. 

Лазаров е свесен дека македонската јавност во најмала рака очекува пласман во втората рунда. Но, конкуренцијата во Данска, Португалија и Романија ќе биде исклучителна силна. Целта секако е да се вброиме меѓу првите две селекции кои ќе продолжат во главната фаза, истакнувал Лазаров. 

,,Мора да знаеме дека секогаш можеме подобро, но имаме време да направиме некои работи за кои знаеме дека се добри и имаме уште два дена да го започнеме Европското првенство добро подготвени.

Најважно за нас е што ги менуваме генерациите чекор по чекор, а тоа е многу тежок процес. Подобрите селекции од нас имаат проблеми со менувањето на генерацијата. Ние сме мала земја и мора да одиме трпеливо и чекор по чекор. Во последните две години сум многу задоволен од ова. Веќе подобривме многу работи и покажавме во последните две години дека можеме да дадеме еден добар натпревар.

Но, за да имаме континуитет, мора да покажеме во иднина, не само еден натпревар, и дека ако играте на Европското првенство или на светското првенство, мора да бидете добри секој втор ден”, изјави Лазаров. 

За остварување на првичната цел, селекторот вели: 

,,Мора да бидеме многу искрени. Секој има амбиции и секој сака да ги добие натпреварите.

Мора да знаеме дека имаме многу тешка група, играме против Данска во Хернинг. Исто така, против Португалија, која на последното Светско првенство играше полуфинале. Видовме дека на последното првенство Португалија ги победи Египет, Шпанија и Иран.

Многу е тешко да се каже „сакаме да одиме во втората рунда“. Сите го сакаат тоа”, потенцира Лазаров.

Првиот натпревар македонските ракометари ќе го играат на 16 јануари против Данска.