Кошаркарите на Феникс ја запиша четвртата победа во сезоната совладувајќи го Гостивар во дуел од 11.коло Супер лигата.
Натпреварот започна израмнето, со по 13 поени на двете страни во првиот период, но домашниот тим ја презеде контролата во вториот дел и на полувремето имаше двоцифрена предност од 40:30. Повратникот Михаил Наумоски се врати на македонската сцена со 10 поени и шест скока, а покрај него Метјус и Ниах беа клучни со поени уште во првите 20 минути.
Во третата четвртина Феникс ја засили одбраната и му дозволи на противникот само шест реализации, па разликата порасна на 55:39.
На крајот, Ниах заврши со 16 поени, девет скока и две асистенции, Метјус со 17 поени, пет скока и три додавања, Златевски со 12 поени и пет асистенции, а Рахама оствари дабл-дабл со 10 поени и 10 скока. Гостиварци се потпираа на Абрам кој постигна 21 поен со четири асистенции и три скока, додека Младеновиќ додаде 11 поени.
Со оваа победа Феникс 2010 по 11 одиграни натпревари има биланс од четири победи и седум порази, додека Гостивар останува на скромни две победи и девет порази по завршениот прв круг.
Во првиот денешен натпревар Маџари како гостин го совлада Ангели со убедливи 101-77. Во тек се натпреварите МКК Куманово – Работнички и Пелистер – Кожув. Утре ќе играат МЗТ Скопје Аеродром – Чаир, а вчера во водениот натпревар лидерот на табелата ТФТ го надигра Гостивар со 77-56.




































