Тринаесеттото коло од женската Супер лига носи неколку интересни дуели кои ќе се одиграат во текот на викендот.
Саботната програма започнува со натпреварот меѓу Спартак и Пелистер, кој ќе се одигра од 12:00 часот во салата „Круме Кепески“.
Исто во Круме Кепески, од 18:00 часот, на програмата е и натпреварот меѓу Вардар и Ѓорче Петров. Иако Ѓорче Петров влегува како фаворит, Вардар ќе се обиде да одговори со цврста и пожртвувана игра.
Третиот саботен дуел ќе се одигра во Куманово, каде Куманово ќе го пречека тимот на Чаир во салата „Перо Наков“, со почеток во 16:00 часот. Последниот натпревар од ова коло ќе се одигра во недела, кога Металург Автокоманда од 19:30 часот во салата „Автокоманда“ ќе биде домаќин на екипата на Астибо.
Ивона Кимовска





































