Десеттото коло е на распоредот во Првата машка македонска кошаркарска лига. Колото ќе почне вечерва, со натпреварот во Штип, во кој штипски Соколи го пречекуваат Овче Поле.
Особено важен е овој натпревар за домашната екипа која ја брка првата позиција на табелата во групата „Б“ која ја дели со екипите на Струмица ФМП и Борец баскет (сите со ефект 6-2). По двата последователни порази, екипата од Свети Николе е на ефект (3-5). И за нив императив е победа за да остана во игра за позицијата број 4 која води во следната фазата од ова натпреварување.
Таа позиција ја има екипата на Бутел која утре попладне (од 17.часот), го дочекува составот на Струмица Ролинг, и важи како голем фаворит. Уште поголем претставува другиот струмички прволигаш, Струмица ФМП, кој на свој терен, од 14.часот, е домаќин на кавадаречки Спортисимо.
Во групата „А“, двете водечки екипи имаат гостувања.
Лидерот Вардар оди во Охрид, каде во недела, од 21. часот, во салата „Билјанини извори“, ги чека дуелот со се подобриот домашен состав (скор 5-3). Уште потешка задача веројатно ќе има екипата на Мега баскет. Во терминот од 11 часот (сабота), прилепчани (7-1), му гостуваат на тимот на Водно Санс (4-4).
Во третиот натпревар од ова коло, Младинец го дочекува Црн Дрим во натпревар кој ќе се игра во сабота од 13.часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје.
| „А“ ГРУПА сабота 11.00 ВОДНО САНС – МЕГА БАСКЕТ 13.00 МЛАДИНЕЦ – ЦРН ДРИМ недела 20.00 ОХРИД – ВАРДАР Слободен ТЕТЕКС ТАБЕЛА: Вардар 16 бодови, Мега баскет 15, Охрид 13, Водно санс 12… | „Б“ ГРУПА петок 18.00 СОКОЛИ – ОВЧЕ ПОЛЕ (МРТ3) сабота 14.00 СТРУМИЦА ФМП – СПОРТИСИМО 17.00 БУТЕЛ – СТРУМИЦА РОЛИНГ Слободен БОРЕЦ БАСКЕТ ТАБЕЛА: Струмица ФМП 14 бодови, Соколи 14, Борец баскет 14, Бутел 12, Овче Поле 11… |




































