Ракометарките на Вардар одиграа одличен натпревар на гостувањето во Битола и сосема заслужено славеа убедлива победа над Пелистер со 30:21.
Пелистер подобро го отвори натпреварот и поведе со 3:1, но Вардар брзо возврати и веќе во 4-тата минута израмни на 4:4. Во продолжението следеше серија на гостинките кои во 16-тата минута поведоа со 8:6, по што целосно ја презедоа контролата. Предноста постепено растеше, а во 21-та минута Вардар веќе водеше со 12:8. До крајот на првото полувреме разликата дополнително се зголеми и на паузата гостинската екипа замина со убедливи 17:11.
Во второто полувреме сценариото не се промени. Вардарки сигурно ја одржуваа и зголемуваа предноста, играјќи организирано и во нападот и во одбраната. Во 44-тата минута стигнаа и до двоцифрена разлика од +10 (23:13), со што практично го решија победникот. Пелистер се обидуваше да се врати резултатски, но не успеа да го загрози водството на Вардар, па натпреварот заврши со конечни 30:21.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Миленковска со девет погодоци, додека кај Пелистер најмногу се истакнаа Стојчевска, Апостоловска и Тодоровска со по пет реализирани гола.
Ивона Кимовска





































