Дерби натпреварот од деветтото коло во Првата машка кошаркарска лига, се одигра вечерва во Велес. Во него домашниот состав на Борец славеше на Струмица со 79-73.
Борец подобро го започнаа натпреварот и веќе во петата минута имаа најголема предност 12-4. Тимот на Струмица постојано ја бркаше негативата, но Борец ја доби четвртината со 24-17. Во вториот квартал, односно 18.минута, велешани имаа двоцифрена предност +13 (47-34). На паузата меѓу двете полувремиња Борец замина со +11 (47-36).
Во второто полувреме, наместо да продолжат во ист ритам домашните кошаркари му дозволија на противникот да се врати во игра. Во 27.минута гостите од Струмица намалија на четири негатива 50-46, а во последната четвртина да се влезе со резултат 58-52 за Борец. Домаќините го отворија тој квартал со 8 поени во низа и дојдоа до најголема предност од плус 14 (66:52). Струмичани успеаја да се вратат во игри и да намалат на -6 (73-67). Но, тоа беше се што сторија, бидејќи немаа сили за комплетен пресврт.
Несторовски и Сапроновски постигнаа по 16, а Трпески беше стрелец на 12 поени во победничката екипа.
Ова беше шестата последователна победа на Борец кој сега има ,,скор” 6-2, како и Струмица и Соколи Штип. Тоа е водечкото трио на табелата во Б групата. Сега четврто пласиран е Бутел кој вечерва славеше во Свети Николе против Овче Поле.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 9 КОЛО
„Б“ ГРУПА
БОРЕЦ БАСКЕТ – СТРУМИЦА ФМП 79-73
ОВЧЕ ПОЛЕ – БУТЕЛ 69-76
СПОРТИСИМО – СОКОЛИ 73-110
Слободен Ролинг
ТАБЕЛА: Струмица ФМП 6-1 (победи-порази), Соколи 6-2, Борец баскет 5-2,
Бутел 5-2, Овче Поле 3-5…

































