Атлетико Мадрид ја оправда фаворитската улога и со победа над Валенсија стигна до нови три бода. Во рамките на 16. коло од шпанската Ла Лига, Атлетико славеше со 2:1.

Домашниот тим поведе со погодокот на Коке во 17. минута, а предноста беше зголемена со голот на Антоан Гризман во второто полувреме.

Валенсија успеа само да ја намали негативата преку Уго Дуро во 88.минута, но немаше сили за целосен пресврт.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски остана на клупата за резерви кај Валенсија.

Со оваа победа Атлетико Мадрид по овој натпревар се искачи на 4. место на табелата со вкупно 34 водови. Валенсија останува во долниот дел и моментално ја зазема 16-тљтљ позиција со 15 бодови.

Следете нé на социјалните мрежи