Ракометарите на Алкалоид остварија нова победа во домашнаото првенство откако вечерва го совладаа МРК Куманово со 42:25. Од самиот почеток на дуелот избраниците на Кирил Лазаров беа расположени заигра, а гостите од Куманово третото и последно изедначување го имаа при резултатот 3:3. Домашниот тим потоа направи две мини серии од 3-0 за водство од 12:6.
Првата двоцифрена разлика првпат поведоа со двоцифрена разлика (25:15), а предноста постепено ја зголемуваа и со серијата од 5-0 на крајот од натпреварот стигнаа и до конечната победа 42:25.
Најефикасни кај Алкалоид беа: Серафимов, Борзаш и Петковски со по 6 голови, додека Галевски имаше 15 одбрани со 1 постигнат гол. Кај МРК Куманово Стојков со 5 голови беше најпрецизен.
Другите дуели од 17.коло се играат во деновите од викендот: Вардар – Радовиш и Пролет – Бутел (сабота); Струга – Прилеп, Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 и Охрид – Еурофарм Пелистер.



































