Екипата на Вардар со одлична и дисциплинирана игра славеше над Куманово, продолжувајќи ја серијата на добри настапи. Вардарки со убедлива игра до значајна победа над Куманово со 35:29.

Натпреварот започна израмнето, сè до 8-мата минута кога кумановки првпат се одлепија и поведоа со 7:5. Вардарки веднаш возвратија со мини-серија и израмнија на 8:8, по што постепено ја преземаа контролата. Во 19-тата минута поведоа со 12:10, а минималната предност ја задржаа до полувремето, кое заврши со 15:14 во корист на домаќинот.

Во вториот дел црвено-црните беа помотивирани. Со серија брзи голови во 36-тата минута стигнаа до +4 (21:17), а разликата ја контролираа до самиот финиш. Кумановки се обидуваа да се вратат во игра, но Вардар остана сигурен и во 57-мата минута го достигна максималното водство од пет гола (34:29). Натпреварот заврши со конечни 35:29.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Трифуновска и Миленковска со по осум голови, додека кај Куманово најмногу се истакна Азеведо, исто така со осум погодоци.

Ивона Кимовска