Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се враќа во препознатливата голгетерска форма. Миовски пред пет дена постигна два гола во шкотската премиер лига против Камрок во победата на Глазгов Ренџерс.

Вечерва штипјанецот, постигна нов гол за својот тим и тоа на гостувањето кај Ференцварош во дуел од Лигата на Европа. Сепак унгарската екипа во судиското дополнение на првиот дел (45+5) успеа да го израмни резултатот.

Со голот на Миовски во 27.минута Ренџерс поведоа со 0-1. Инаку шкотскиот тим на изминатите пет натпревари освои само еден од, а претрпе четири порази. Ференцварош од друга страна има три победи и два нерешени исходи.