Ноќеска беа одиграни два натпревари во НБА лигата, или два во четвртфиналето на НБА Купот. Орландо Меџик и Њујорк Никс изборија пласман во полуфиналето на Источната конференција.

Во третото издание на НБА Купот, први се пласираа во полуфиналето се пласираа кошаркарите на Орландо победувајќи против Мајами со 117:108.

Првото име за Орландо синоќа беше Дезмонд Бејн , кој постигна 37 поени, најмногу оваа сезона, заедно со шест тројки. Џејлен Сагс додаде 20 поени. Најдобар играч за Мајами беше Норман Пауел со 21 поен и седум скока, Тајлер Херо додаде 20 поени и седум скока.

Во полуфиналниот натпревар, Орландо ќе ги одмери силите со Њујорк Никс, кои победија со 101:117 на гостински терен кај Торонто.

Никсите беа единствениот тим што стигна до четвртфиналето во сите три претходни изданија, но никогаш претходно не стигнаа до првите четири.

Џејлен Брансон ги предводеше Никсите до победата со 35 поени, Џош Харт додаде 21 поен и шест скока.

Вечерва на Запад, Оклахома Сити Тандер ќе играат против Финикс Санс, додека ЛА Лејкерс ќе играат против Сан Антонио Спарс.