По репрезентативната пауза, кошаркарските прволигаши се враќаат на домашните обврски. На програмата е деветтото коло во Супер машката лига.

Дербито ќе се игра , вечерва во Битола, во салата „Боро Чурлевски“ ќе се сретнат Пелистер и ТФТ. Тоа е дуел на двете првопласирани екипи на табелата.

Лидерот од Тафталиџе има една победа повеќе од битолчани. ТФТ пред две кола го претрпе првиот и единствен пораз од МЗТ. Во последното коло славеше над Куманово. Пелистерците пак имаат два порази во последните три натпревари. Загубија од шампионот МЗТ, па се рехабилитираа против Куманово. Но во последниот меч неочекувано беа поразени на гостувањето кај Гостивар.

Натпреварот во Битола ќе почне во 19 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Во сабота ќе се играат уште два натпревари, и двата се во Скопје…

денешната програма почнува во 15.30 часот, во салата „Независна Македонија“. Таму екипата на Ангели (ефект 1-7) го дочекува Работнички (4-4), кој нареди три порази по ред.

Од 17.часот, во салата на СРЦ „Кале“, Маџари (3-5) е во улога на домаќин во дуелот со екипата на Гостивар (2-6).

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО

Сабота
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 15:30 часот
МАЏАРИ – ГОСТИВАР 17:00
КУМАНОВО – ТИКВЕШ 19:00
ПЕЛИСТЕР – ТФТ 19:00
Недела
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КОЖУВ 18:00
ФЕНИКС – ЧАИР 20:00