На домашната спортска сцена, денеска само еден натпревар и тоа во маката прволигашка кошаркарска конкуренција.
Со дуелот во Свети Николе, ќе биде комплетирано седмото коло во Првата лига. Таму домашниот тим на Овче Поле ќе го пречека велешки Борец баскет.
Ова е натпревар од „Б“ групата, во кој двата тима, заедно со Струмица ФМП, штипски Соколи и Бутел се меѓу екипите што претендираат за пласман во следната фаза.
Двата тима веќе заостануваат две односно три победи зад водечкиот тандем, а Борец има еден триумф повеќе од Овче Поле. Затоа вечерашниот натпревар е од големо значење за овие две екипи, а исходот може во многу нешто да решава и за конечниот породот и пласманот во втората фаза на првенството.
Дуелот Овче Поле – Борец баскет ќе почне во терминот од 20.45 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв предност на МРТ3.
ПРВА ЛИГА – 7 КОЛО
| ГРУПА А ТЕТЕКС – ВОДНО САНС 68-106 ЦРН ДРИМ – ВАРДАР 64-74 МЛАДИНЕЦ – МЕГА БАСКЕТ 57-88 Слободен Охрид ТАБЕЛА: Вардар 12 бодови, Мега баскет 11, Охрид 10, Водно Санс 9… | ГРУПА Б Вторник ОВЧЕ ПОЛЕ – БОРЕЦ БАСКЕТ 20:45 часот СОКОЛИ – РОЛИНГ 119-78 СПОРТИСИМО – БУТЕЛ 73-111 Слободна Струмица ФМП ТАБЕЛА: Струмица ФМП 11 бодови, Соколи 11, Бутел 10, Борец баскет 8 (-1 натпревар), Овче Поле 7 (-1)… |




































