Два нови натпревари носи денешниот дел во Првата македонска фудбалска лига.
Во Струга и Скопје, ќе се играат дуело од 15-тото коло.
Првиот е во Струга каде екипата на Трим Лум го пречекува Башкими.
Ова е дуел на второ и петто пласираните екипи на табелата во моментов. Во него, стружани влегуваат со серија од четири победи во низа, а кумановци со променлива форма. На последните четири натпревари, Башкими впиша два порази, едно реми и триумф над Работнички.
Натпреварот во Струга ќе започне во терминот од 12.30 часот, а половина час подоцна (13) стартува дуелот во Скопје.
На игралиштето крај ФФМ, лидерот на табелата Вардар го пречекува последно пласираниот Шкупи. Овој дуел во минатото беше дерби, но сезонава е далеку од тоа, Чаирчани со само еден освоен бод на 14 натпревари на кои претрпеа 13 порази се тотални аутсајдери. Затоа, се освен победа на вардарци, би било вистинска сензација.
ПРВА ЛИГА – 15 КОЛО
недела
СТРУГА Т.Л. – БАШКИМИ 12:30 часот
ВАРДАР – ШКУПИ 13:00 часот
понеделник
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 13:00 часот
одиграно
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
АП БРЕРА – ТИКВЕШ 0-4
СИЛЕКС – АРСИМИ 1-3




































