Барселона го прослави својот 126-ти роденден со победа над Алавес од 3:1 на „Камп Ноу“.

Натпреварот започна шокантно, гостите поведоа по само 45 секунди преку Ибањез. Каталонците брзо возвратија. Во осмата минута Ламин Јамал погоди под пречката за израмнување на 1:1. Во 26-тата минута Рафиња асистираше, а Дани Олмо рутински реализираше за 2:1.

И повторо Јамал и Олмо беа оние кои о гостите се бранеа цврсто и се обидоа да изненадат. Во последните моменти од натпреварот Јамал пак го проигра Олмо кој погоди во далечниот агол и ја запечати победата со 3:1.

Барселона е лидер во Ла Лига со два бода повеќе од Реал Мадрид, кој гостува кај Џирона утре.

Следете нé на социјалните мрежи