Екипата на Манчестер Сити се изнамачи да го совлада Лестер, а јунак на популарните „граѓани“ е Фил Фоден кој постигна два гола.
На натпреварот од 13 коло Премиер лигата одигра на стадионот ,,Етихат”, Манчестер Сити го совлада Летер со 3:2.
А, фантастично почна натпреварот за домаќините кои уште во првата минута со голот на Фоден поведоа со 1:0. Во 25-тата минута е Хрватот, Гвардио зголеми на 2:0 што беше и резултат по првиот дел.
Во второто полувреме два гола постигнаа гостите екипата на Лестер. По само четири минути игра во второто полувреме (49) Калврт-луин намали на 2:1. Лестер беше решен да стигне до израмнување, а тоа им успеа во 68-та минута. Беше досаден пенал за Лестер кој го изведе Германецот, Нмека. Неговиот удар Донарума го одбрани, но топката среќна стигна до Германецот кој успеа да ја затресе мрежата и да израмни на 2:2. Во продолжението домаќините тргна со сите да стигнат до три бода. Тоа конечно им успеа во третата минута од судиското дополнение кога Фоден го постиган својот втор гол и и постави конечните 3:2 за Сити.
Со трите нови бодови и вкупно 25, Сити се проби на второто место на табелата со два бода повеќе од Челзи и четири помалку од Арсенал.
А, токму Челзи и Арсенал утре ќе го играат дербито на ова коло.





































