До задоцнување од петнаесетина минути, по исклучително тежок терен, попладнево во Кратово се одигра првиот натпревар од 15.коло во ПМФЛ.
Фудбалерите на Арсими продолжија со изненадувањата. Откако минатиот викенд го совлада шампионот Шкендија денеска славеа во дуелот против четврто рангираниот Силекс со 1:3.
Во првиот дел двата има создадоа по две шанси, а беше искористена само една. Во финишот, односно 44т.минута, гостите поведоа со 0:1, а стрелец на голот беше Хуриќ.
Иако во вториот дел домаќините тргнаа уште поофанзивно во обид да го израмнат резултатот, сепак гостите беа оние кои постигнаа гол. Се играше 61.минута кога нововлезениот Ајдини зголеми на 0:2 за Арсими.
Во 76.минута, Кратовци ја затресоа мрежата на гостите. Ударот на Добив заврши во старицата, а Димчевски се најде на вистинското место и намали на 1:2. Надежта на домаќините траеше кратко бидејќи Таипи во 81.минута погоди за 1:3 за Арсими.
Со новите три боди и вкупно 21, Арсими се зацврсти на 6.место на табелата, еден помалку од Башкими. Силекс кој е четврти заостанува осум бодови за лидерот Вардар, седум зад Струга Трим Лум и два за третопласираната Шкендија.
ПРВА ЛИГА – 15 КОЛО
петок
СИЛЕКС – АРСИМИ 1:3
сабота
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 12:30 часот
АП БРЕРА – ТИКВЕШ 13:00 часот
недела
СТРУГА Т.Л. – БАШКИМИ 12:30 часот
ВАРДАР – ШКУПИ 13:00 часот
понеделник
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 13:00 часот




































