Од денеска до понеделник ќе се играат натпреварите од 15 коло во Првата македонска фудбалска лига.
Воведниот, денешниот, натпревар ,можеби е и најинтересниот во оваа рунда, а ќе се игра во Кратово. Силекс кој е четврто рангиран на табелата, го пречекува шесто пласираниот Арсими.
Кратовци во овој натпревар влегуваат со низа од три дуели без пораз, од кои последните два (против Шкупи и Македонија ЃП) ги победија. Тренерот Васовски верува дека неговите избраници и во овој меч ќе ги освојат трите бода.
На ист ефект се надеваат и во таборот на гостиварската екипа. Овој мотив кај Арсими се должи на добрите игри на последните пет натпревари, особено по минатонеделната победа над шампионот Шкендија.
Дуелот во Кратово ќе почне од 13 часот, а тоа е еден од двата термини во кои ќе се играат дуелите од ова 15-то коло. Натпреварот Силекс – Арсими може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА – 15 КОЛО
петок
СИЛЕКС – АРСИМИ 13:00 часот
сабота
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 12:30 часот
АП БРЕРА – ТИКВЕШ 13:00 часот
недела
СТРУГА Т.Л. – БАШКИМИ 12:30 часот
ВАРДАР – ШКУПИ 13:00 часот
понеделник
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 13:00 часот




































