Два ново натпревари, носи денешниот ден во Првата македонска фудбалска лига.
Ќе се играат натпревари од 14.коло во Гостивар и Кавадарци.
Македонскиот првак Шкендија го чека гостување кај незгодниот Арсими тим кој е во горниот дел од табелата. За гостиварската екипа денешниот дуел е втор во низа против екипа која се бори за шампионскиот трофеј. Во претходната рунда Арсими беше декласиран со 4-0 на гостувањето кај Струга ТЛ. тетовци пак незнаат за неуспех на последните пет дуели во сите натпреварувања во кои остварија четири победи. Овој натпревар за избраниците на Јетон Беќири доаѓа пред дуелот со косовската Дрита во Конференциската лига, закажан за 27 ноември (четврток). Бодовите за Шкендија се важни за да го задржи чекорот во водечкиот тандем (Вардар и Струга ТЛ) кои имаа шест односно два бода повеќе од тетовци.
Натпреварот започнува во терминот од 13 часот, како и дуелот во Кавадарци.
Таму екипата на Тиквеш ќе го пречека составот на Башкими. Домаќините се во долниот дел од табелата и ги чека грчевита борба за опстанок. Затоа секој бод за Тиквеш е „злато“ вреден. Кавадарчани забележаа само една победа (Работнички) на последните пет првенствени дуели, од кои три ги загубија. Кумановци пак, по поразот од Арсими во претходното коло (2-4), ќе се обидат да се вратат на позитивната серија на резултати.




































