Шест натпревари од 6.коло на Првата македонска машка кошаркарка лига ќе се играат овој викенд. По три дуели на програмата се во двете групи.

Во групата А, колото го отвораат Охрид и Тетекс ТТК. Натпреварот е закажан за сабота од 12 часот во „Билјанини извори“. Охрид има три победи од пет меча. Тетекс е со една победа и три порази.

Во недела следуваат уште два дуела. Вардар, единствениот тим без пораз, игра против Младинец од 16.30 часот. Младинец е без победа во четири натпревари. Во „Под Кале“ од 17 часот играат Водно Санс и Црн Дрим. Овој меч се очекува да биде неизвесен.

Во групата Б сабота навечер од 19 часот играат Борец баскет и Спортисимо. Велешани имаат две победи во серија и се фаворити, а Спортисимо е без триумф во четири меча.

Неделата носи две возбудливи средби. Во салата на ОУ „Илија Хаџи-Николов“ во Бутел од 17 часот кај истоимената домашна екипа гостува не поразената Струмица ФМП. Во исто време, во салата „Парк“ во Струмица, тимот на Ролинг е домаќин на Овче Поле.

Ова коло ќе го прескокнат Мега баскет и Соколи 1933.

Следете нé на социјалните мрежи

ПРВА ЛИГА (МАЖИ – 6.КОЛО

А ГРУПА

сабота
ОХРИД – ТЕТЕКС 12:00
ВОДНО САНС – ЦРН ДРИМ 12:00
недела
ВАРДАР – МЛАДИНЕЦ 16:30
Слободен Мега Баскет


Б ГРУПА

сабота
БОРЕЦ БАСКЕТ – СПОРТИСИМО 19:00
недела
БУТЕЛ – СТРУМИЦА ФМП 17:00
СТРУМИЦА РОЛИНГ – ОВЧЕ ПОЛЕ 17:00
Слободен Соколи