Еден натпревар ќе се игра денеска во машката ракометна Супер лига.
Во рамките од 13.коло, во СЦ „Јане Сандански“ лидерот на табелата Вардар го пречекува вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Вардарци важат за апсолутен фаворит во овој меч, кој се игра порано, како вардарци би се подготвиле за пристојниот важен дуел во Европската лига. Имено, црвено-црните во вторник ќе го играат натпреварот со Сесвете на гостински терен, во претпоследното коло од групната фаза. Тоа ќе биде дуел кој може да решава за пласман на екипите во следната фаза.
Затоа избраниците на Иван Чупиќ денеска ќе одработат „посилен тренинг“ со цел да се подготват подобро за европската обврска, но и да ја сочуваат перфектната победничка низа од 12 победи досега во домашното првенство.
Останатите натпревари на програмата се викендов, а од ова коло веќе се одигра натпреварот Струга – Охрид во кој гостите славеа очекувана победа. И охриѓани го одработија тој натпревар порано, бидејќи утре го играат решениот со Слога во Добој во рамките од Европскиот куп.
СУПЕР ЛИГА МАЖИ –13 КОЛО
петок
ВАРДАР – Е. ПЕЛИСТЕР 2 18:30 ч
сабота
БУТЕЛ – РАДОВИШ 16 ч.
ПРОЛЕТ – Е. ПЕЛИСТЕР 17 ч.
АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 2014 18 ч.
недела
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 19 ч.
одиграно
СТРУГА – ОХРИД 23 – 29





































