По репрезентативната пауза, фудбалските прволигаши се враќаа на обврските во домашното првенство.

Од денеска до понеделник ќе се играат натпреварите од 14-тото коло.

Воведниот натпревар е денеска во Ѓорче Петров каде екипата на Македонија го пречекува кратовски Силекс. „Лавовите“ од Ѓорче по бројни промени турбуленции, ќе имаат тепка задача да ја прекинат низата од четири натпревари без победа (по два порази и нерешени исходи). Бодовите за кратовци, кои се четврти на табелата, се повеќе од потребни за да го задржат чекорот со триото конкуренти за титулата.

Натпреварот ќе почне од 13 часот, термин во кој ќе се играат и другите дуели од оваа рунда.

ПМФЛ – 14 КОЛО

Петок
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС
Сабота
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 13 часот
АП БРЕРА – ВАРДАР
Недела
ТИКВЕШ – БАШКИМИ
АРСИМИ – ШКЕНДИЈА
понеделник
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л.