Шкендија го завери последното место во четвртфиналето на Купот на Македонија со сигурна победа од 2-0 над Тиквеш. Тетовскиот тим ја контролираше играта и ја заврши задачата без поголеми проблеми.
Водството стигна дури во 43.минута кога Адаму Алхасан постигна фантастичен гол и ја доведе Шкендија во предност.
Тој резултат беше актуелен се до завршницата на натпреварот. Решението падна дури во 90+1 минута кога Мазари ја погоди мрежата на кавадарчани и ги постави конечните 2-0.
Шкендија им се придружи на Вардар, Струга Трим Лум, Силекс, Работнички, ГФК Охрид, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица. Четвртфиналните дуели ќе се играат напролет.
Головите од сите осмимфинални натпревар може да ги видите овде




































