Заврши првиот круг од квалификации за Светското фудбалско првенство 2026 година. Дванаесет европски селекции обезбедија директен пласман, а тоа се победниците во квалификациските групи. Меѓу нив се Германија, Франција, Шпанија, Англија и Хрватска.
Останатите четири места од Европа ќе се решаваат преку бараж. Во него ќе учествуваат 16 репрезентации, дванаесет се второпласирани во групите. Четири доаѓаат од Лигата на нации, меѓу кои и Македонија.
Ждрепката за баражот ќе се одржи на 20 ноември, а натпреварите ќе се играат во март. Системот е елиминациски, ќе се игра полуфинале и финале. Само победниците од финалето ќе одат на Мундијалот.
Селекциите се поделени во шешири. Во првиот шешир се Италија, Турција, Украина и Данска. Тие ќе бидат домаќини во полуфиналето на репрезентациите од четвртиот шешир (Македонија, Романија, Шведска, Северна Ирска).
Во другата половина се: Велс, Полска, Чешка и Словачка со предност на домашен терен во дуелите во кои противници би им биле некои од селекциите на Р.Ирска, Албанија, Босна и уште една селекција (се очекува потврда). На крајот ќе се извлечат и домаќините на финалињата.
Светското првенство ќе има 48 учесници. Покрај европските, се квалификувани и селекции од Азија, Африка, Америка и Океанија. Меѓу нив се Аргентина, Бразил, САД, Јапонија, Мароко и Сенегал.
Се очекуваат уште шест селекции, четири од Централна Америка. Две преку интерконтинентален бараж. Таму веќе се квалификувани ДР Конго, Ирак, Боливија и Нова Каледонија. Се чекаат уште две екипи.
Светското првенство ќе се игра во САД, Канада и Мексико, а натпреварите ќе започнат во јуни 2026.






































