Во машката кошаркарска Супер лига со двата денешни натпревар ќе биде комплетирано седмото коло.

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се игра првиот натпревар. Во терминот од 18.30 часот кошаркарите на Феникс ќе го пречекаат гевгелиски Кожув. Ова е дуел на екипите од долниот дел на табелата. Гевгеличани кои имаат „скор“ 3-3 (победи) порази, се осми, а Феникс е деветти, со една победа помалку и пораз повеќе.

Затоа пак вториот натпревар ќе биде и второто дерби од оваа рунда. Во дуелот на две од четирите екипи кои имаат по еден пораз, тимот на Куманово го пречекува Пелистер.

Победникот од овој натпревар ќе им се придружи на ТФТ и МЗТ Скопје и ќе има ист „скор“ 5-1. Ова откако аеродромци во првото дерби од оваа рунда му го нанесоа првиот пораз на ТФТ.

Дуелот меѓу Куманово и Пелистер што ќе почне од 19 часот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 7 КОЛО

Недела
ФЕНИКС – КОЖУВ 18.30
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 19.00
Сабота
МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ 87-80
АНГЕЛИ – ТИКВЕШ 63-88
ЧАИР – ГОСТИВАР 96-92 (по продолжение 83-83)
петок
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 89-67