Ракометарките на Металург Автокоманда останаа единствениот од четирите макеоднски претставници на европската сцена. Тимот од Автокоманда има реални шанси сезоната да ја продолжи понатаму.

Имено, Металург попладнево пред своите навивачи ќе го игра реванш натпреварот од 3.коло во Европскиот куп против екипата на Сплит. Двата тима ќе тркнат од „нула“ откако првиот меч во Хрватска заврши нерешено 24-24.

Тоа им дава реални шанси на македонските вицешампионки, со борбена игра и поддршка од публиката, да обезбедат пласман во следната фаза (осминафинале).

Натпреварот, Металург – Сплит што ќе се игра во салата „Автокоманда“ ќе почне од 15 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

Следете нé на социјалните мрежи