Претпоследната рунда на натпревари во К групата во квалификациите за СП 2026-та го разреши дилемите.
Репрезентација на Англија со победата над Србија го обезбеди првото место и своето учество на Мундијалот. Поразот на Србите го искористија Албанците кои со триумф над Андора се изборија за бараж.
На „Вембли“ во Лондон, селекцијата на Англија славеше над Србија со 2-0. Стрелци на головите за „гордиот Албион“ беа Сака (20.минута) и Езе (90).
Албанците на гостувањето кај Андора едвај победија со 1-0, но тоа беше повеќе од доволно.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Аслани во 67-мата минута.
Англија со максимални седум победи и 21 бод е убедливо прва. Албанија сега има 14, а Србите четири помалку. Во последното коло, дуелот меѓу Албанија и Англија ќе се игра само за престиж, а оној меѓу Србија и Летонија нема никакво значење.





































