Со двата натпревари што ќе се одиграат попладнево во Кратово и Тетово ќе биде комплетирано 13.коло во Правата македонска фудбалска лига.

Во Кратово, четврто пласираниот Силекс го пречекува „фенерџијата“ Шкупи.

После поразот од Вардар и ремито против АП Брера, екипата на Силекс е фокусирана максимално кон трите бода од дуелот со последнопласираниот тим на Шкупи. Иако важи за голем фаворит, најавите од кратовскиот тим се дека ќе нема опуштање. Кратовци ќе игра како против секој противник со цел освојување на трите бода.

Шампионот Шкендија, во Тетово ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров.

Тетовци во овој натпревар влегуваат како апсолутни фаворити. Не само поради ранкингот што го имаа и игрите што ги прикажуваат, туку и поради кризата која владее во редовите на противникот. Трите врзани натпревари без триумф, промената на газдите и оставката на тренерот Грнчаров, само ја продлабочија кризата кај „лавовите“

Двата натпревари ќе почнат во терминот од 13 часот.

ПРВА ЛИГА – 13 КОЛО

понеделник
СИЛЕКС – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
одиграно
СТРУГА Т.Л. – АРСИМИ 4-0
БАШКИМИ – РАБОТНИЧКИ 2-1
ВАРДАР – ТИКВЕШ 3-1
ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА 1-0